Вака руски специјалци израдуваа дечиња од дом за деца без родители

МВД России
Руски специјалци (спецназовци) извршија „јуриш” на едно руско сиропиталиште за да им... посакаат на децата среќна Нова година, им поделија подароци, па дури и запеаја со нив „Ринге ринге раја”. ШТО?!

Добро сте слушнале. Локалното одделение на полицијата во Јамало-Ненецкиот автономен округ објави фотографии од овој настан: петмина оперативци минуваат низ сиропиталиштето во полна опрема, со заштитни маски, панцирни елеци... и со капи на Дедо Мраз!

Но, оваа хумана иницијатива предизвика поделени мислења во јавноста кога беа објавени фотографиите. „Тоа изгледа како поблага форма на идиотизам“, запиша еден корисник на „Фејсбук“. Други се придружија, истурајќи критики на специјалците за наводно неадекватниот и непримерен изглед.

Меѓутоа, други застанаа во нивна одбрана: „Па што? Децата не изгледаат исплашено, ниту воспитувачите. Можеби тоа не им е првпат. Можеби специјалците го помагаат сиропиталиштето. А маските може да се објаснат со фактот што на специјалците не им е дозволено да ги објавуваат своите фотографии на интернет, а овие фотографии беа објавени на „Твитер“. Тоа е стандардна практика“.

На 15 јануари 2020 година, фотографиите беа отстранети од „Твитер“, но останаа на некои информативни портали. Што мислите, кој е во право во оваа дискусија?

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња