Сопружниците Дјомочкин од Петрозаводск (Република Карелија) стигнале до островот Кижи возејќи се на лизгалки по замрзнатото езеро Онега, не почитувајќи ја забраната за одење по мразот издадена од Министерството за вонредни состојби на РФ. Тие притоа во количка го повозеле и својот млад син по рута долга 22 километри, пренесуваат руските медиуми.
„Стигнавме до Кижи поминувајќи од Велика Губа 22 километри на лизгалки. И со детска количка. Миша спиеше цел пат. Ако случајно ви падне на ум нешто слично и посакате да се провозите до Кижи во јануари, изводливо е и сосема безбедно“, напиша младата мајка на социјалните мрежи, објавувајќи видео од авантуристичкото патување.
На снимката се гледа како Елена се лизга со количката на тенкиот мраз, а притоа може да се слушне и потпукнување под лизгалките.
Корисниците на социјалните мрежи го осудија младиот брачен пар поради опасното патување со детето. Покрај тоа, во решавање на случајот се вклучи и детскиот омбудсман на република Карелија (на границата со Финска) Генадиј Сараев, кој се обрати до регионалната управа на Министерството за вонредни состојби и музејот Кижи со барање да ги потврдат или негираат информациите за возење по мраз со количка и бебе. Во разговор за новинската агенција ТАСС, омбудсманот рече дека таткото и мајката би можеле да одговараат за неисполнување на обврските во врска со одгледувањето дете.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче