Ќерката на поранешниот претседател на Ангола, најбогатата жена во Африка Изабел дос Сантос, веќе има руско државјанство по раѓање. Така прес-службата на руското Министерство за надворешни работи ги коментираше наводите во медиумите дека оваа деловна жена добила руски пасош.
„Наведената личност не доби државјанство на Русија затоа што таа веќе го имаше“, рекоа од рускиот надворешнополитички ресор за РИА „Новости“.
Во петокот медиумите објавија дека поранешната ќерка на поранешниот претседател на Ангола Жозе Едуардо дос Сантос добила руско државјанство. Таа е меѓу десетте најбогати луѓе во Африка и е најбогатата жена на овој континент. Вредноста на нејзиниот имот „Форбс“ ја проценува на 2,2 милијарди долари.
Изабел дос Сантос денес живее во Обединетите Арапски Емирати и експертите сметаат дека потребно руско државјанство ѝ е за да избегне екстрадиција во Ангола.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче