Земјотрес со јачина од 6,9 степени на северот на Камчатка

Lori/Legion Media

Сеизмолозите регистрираа земјотрес со јачина од 6,9 степени во Олјуторскиот реон на северот на Камчатка, се вели на сајтот на Камчатската филијала на Геофизичката служба на Руската академија на науките, пренесува „Интерфакс“.

Земјотресот се случи во четвртокот во 20:38 часот по локално време (11:38 часот по московско време). Неговиот фокус е на длабочина од 40 км. Епицентарот е на 144 км северно од селото Ачајвајам.

Од своја страна, од Главната управа на Министерство за вонредни состојби на Русија за Камчатскиот крај за „Интерфакс - Далечен Исток“ соопштија дека во некои населени места во регионот овој земјотрес се чувствувал со јачина до 2 степени.

„Нема жртви и материјална штета“, истакна претставникот на Министерството за вонредни состојби.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња