Путин им го честита Божиќ на православните христијани

Претседателот на Русија Владимир Путин на Божиќната богослужба во Спасо-Преображенскиот храм во Санкт Петербург, Русија, 6 јануари 2020.

Претседателот на Русија Владимир Путин на Божиќната богослужба во Спасо-Преображенскиот храм во Санкт Петербург, Русија, 6 јануари 2020.

Sputnik/Алексеј Николски/ Kremlin via REUTERS
Претседателот Владимир Путин им го честиташе Божик на православните христијани и на сите граѓани на Русија кои го слават Раѓањето Христово, посакувајќи им добро здравје и благосостојба.

„На православните христијани и на сите граѓани на Русија кои го слават Раѓањето Христово им посакувам добро здравје и благосостојба“, се вели во честитката на сајтот на претседателот на Русија.

Како што се наведува, „во светлите Божиќни денови, милиони луѓе низ целиот свет се радуваат во душата и го чувствуваат допирот со повеќевековниот обичај што се пренесува од колено на колено“.

Покрај тоа, во честитката се истакнува дека Руската православна црква и другите христијански конфесии во Русија играат „огромна конструктивна улога во јакнењето на духовните и моралните темели на општеството, во зачувувањето на нашето историско и културно наследство и во воспитувањето на младината“. Се прецизира дека таа нивна плодна работа заслужува „најдлабоко признание“.

Претседателот Владимир Путин присуствуваше на Божиќната литургија во Спасо-Преображенскиот храм во Санкт Петербург. По богослужбата тој му ја подари на овој храм Тихвинската икона на Пресвета Богородица со светците.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња