Рар рече дека во таа смисла би го издвоил настанот со пожарот во викендичката на Путини во близина на Ленинград во 1996 година. Тој објасни дека лично го прашал Владимир Путин дали таа приказна е вистинита, нешто што претседателот го потврдил.
„Кога куќата почна да гори, тој бил во сауна со пријателите. Потрчал до првиот кат, каде што спиеле неговите ќерки и ги изнел надвор, фрлајќи ги во рацете на неговите другари. Им го спасил животот“, рече Рар.
Потоа, според неговите зборови, Путин повторно втрчал во запалената куќа барајќи ја чантата во која била целата негова заштеда. „Видел дека сите пари изгореле и дека само неговото синџирче со крст било неоштетено“, додаде Рар.
Биографот призна дека интензивно и професионално се занимава со уредување и подготовка на „биографии на политичари од советската епоха“, но дека биографијата на Путин, според него, значително се разликува од „старата елита“, бидејќи тоа „беше сосема друг тип на кариера“.
Рар истакна дека Путин е „најзначајниот политичар на XXI век“ кој „по своја волја и идеи создаде нова земја“. Експертот објасни дека „во најновата историја ретко се појавуваат толку силни политичари“.
„Тој потекнува од обично семејство, неговите родители биле сосем обични луѓе. При крајот на Источна Германија, КГБ и СССР, тој доживувал падови, но повторно се кревал. Таа динамика, тие успеси и падови, тоа било сосем поинаку од она што се случувало во биографиите на Елцин и другите советско-руски функционер“, заклучува Рар.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче