Канадскиот капитен предизвика скандал по спектакуларната победа на руската хокеарска репрезентација

Скриншот
По големата победа, младинската хокеарска репрезентација на Русија одби да се ракува со капитенот на репрезентацијата на Канада Берет Хејтон.

Русија победи и затоа беше интонирана руската химна, но канадскиот капитен Хејтон не го симна шлемот, пишува порталот „Чемпионат“.

Русите за време на интонирањето на химната им укажаа на судиите на однесувањето на Канаѓанецот, а капитенот на руската репрезентација Григориј Денисенко дури и тргна кон противничката страна, меѓутоа судите го запреа.

Подоцна Хејтон и Канадската хокеарска федерација им се извинија на руските репрезентативци, пренесува агенцијата ТАСС.

Хејтон рече дека „се обидел да го анализира завршениот натпревар“ и затоа „бил занесен за време на интонирањето на химната“. Тој нагласи дека руските хокеари „играа извонредно“. Хејтон истакна дека неговата „грешка не ги намалува нивните заслуги“.

Канадската хокеарска федерација соопшти дека „многу ја почитува Руската хокеарска федерација, нејзините играчи, тренерите, раководството и навивачите“ и дека истото го очекува од канадските хокеари.

Претходно руската репрезентација ја победи Канада со резултат 6:0. Ова е прва толку убедлива победа на руската младинска хокеарска репрезентација над Канаѓаните на едно светско првенство.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња