Запознајте ја Марија Зотова, најубавата руска каратистка

Марија Зотова
Оваа девојка докажа дека боречките вештини не се резервирани само за бруталните мажи.

Во декември 2019 година интернетот бруеше од вестите дека, наводно, била приведена каратистката Марија Зотова за пречекорување на мерите за самоодбрана и тепање на двајца мажи кои ѝ „се закачиле“. Едниот од нив, наводно, им подлегнал на повредите во болница.

За вниманието на јавното мислење е придонесе и изгледот на девојката, кој воопшто не предизвикува асоцијации со насилство. Подоцна се покажа дека тревогата била лажна.

Но, затоа медиумската приказна предизвика интерес за младата спортистка: „волшебна и опасна каратистка“, „убавица-каратист“. Насловите во медиумите изобилуваат со пофални епитети.

Марија е родум од подмосковскиот град Клин. Од десетгодишна возраст таа тренира карате под внимателното раководство на нејзиниот татко. Сега има само 20 години, а веќе е мајстор на спортот, има црн појас и е членка на првата постава на руската репрезентација во карате.

Беше повикана во репрезентацијата во 2017 година, кога тренерите го забележаа нејзиниот талент на турнир на Рускиот студентски спортски карате сојуз.

Зотова со женската репрезентација во 2018 година го освои бронзениот медал на Светското првенство во карате во Мадрид, а во 2019 година го освои златото на Јуниорското првенство на Русија, овој пат во поединечна категорија.

Марија патува многу, многу го сака градот Сочи, каде репрезентацијата често оди на подготовки. Патем, на „Инстаграм“ веќе има над 37000 следбеници.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња