Путин му подари кученце лабрадор на девојче со посебни потреби

kremlin.ru
Таткото на семејството Андреј Папанов му пиша минатиот месец на шефот на руската држава, велејќи дека на неговото 12-годишно девојче му е потребно куче.

Шестчлено семејство од Обнинск во Калушката област во Русија за Нова година доби на подарок од претседателот на РФ кученце лабрадор, наменето за 12-годишно девојче со посебни потреби кое ќе ѝ помогне во социјализацијата, соопшти градската администрација.

Андреј и Олесја Папанов имаат четири деца. Постарото девојче Екатерина посетува индивидуална настава во училиштето-интернат за деца со посебни потреби „Надеж“. Таа исто така оди и во Центарот за рехабилитација „Доверба“, а стручњаци им кажале на нејзините родители дека во нејзиниот случај најдобра социјализација се постигнува преку контакт со животни.

Подарокот од претседателот на Русија го донесоа градоначалникот на Обнинск и регионални функционери власти, а на новиот член на семејството му се израдуваа и децата, и родителите.

„Сакав да ја споделам приказната за моето семејство и да ги инспирирам другите луѓе кои исто така се наоѓаат во тешка ситуација“, рече Андреј Папанов.

Во семејството Папанов, во кое едното од четирите деца е аутистично, според стручњаците, владее топла и пријателска атмосфера, во која сите членови се грижат едни за други. Подарокот од претседателот, малиот лабрадор, го доживеаја како новогодишно чудо.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња