Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова на својот „Инстаграм“ објави снимка од новогодишната забава на работа.
Партнер на Марија во овој танц е дипломатот Евгениј Воронин.
„Официјалната претставничка и заменикот на официјалната претставничка ја отвораат забавата на работното место - во Департманот за информирање и печат на МНР на Русија. Ударнички работиме – ударнички одмораме“, го потпиша постот на „Инстаграм“ Захарова.
Уживајте:
Марија Захарова е навистина талентирана за танц. А што е уште поважно, жената сака да се движи со убава музика. Белки не сте ја виделе како танцува на познатата руска „Калинка“?
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче