Еден од учесниците на состанокот на рускиот претседател со граѓаните на тема земјоделство и рурален развој им предложи на Министерството за труд и социјална заштита, Министерството за земјоделство, Федералната агенција за прашања на младите и Рускиот сојуз на младина на село да развијат проект насочен кон привлекување на млади стручњаци во селските краеви.
„Тоа е добра идеја, но многу комплексна. Треба да ги замолите колегите од сите тие ресори што ги споменавте да одработат ваков вид на проект. Но, тимот треба да биде насочен кон решавање на некоја конкретна задача, па во согласност со таа задача и се формира тим. Имаме позитивно искуство со ваквите тимови во сосема друга сфера: не во земјоделството, туку во одбранбената индустрија“, рече Путин, пренесува РИА „Новости“.
Рускиот претседател објасни дека имал состанок со конструкторите на ракетниот систем „Искандер“ кои, според Путин, се собрани како тим да работат на ова оружје, кога институтот доби грант за негово проектирање.
„Тие добија задача и конкретно финансирање и затоа, од една страна, треба да се создаде таква група, а од друга, мора да постои конкретна задача. Но, сè на сè, треба да се оди по тој пат“, додаде рускиот претседател.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче