Претседателот на Русија Владимир Путин рече дека место црн чај пие чај од алтајски тревки.
„Знаете, јас дури и не пијам црн чај... пијам чај од тревки од Алтај“, рече Путин на состанокот за прашања од земјоделството и руралните краеви.
Интересно е што годинава, на официјална вечера во јапонскиот град Осака медиумите снимија како рускиот претседател се чукнува со своите колеги-претседатели со термос-чаша. „Работата е во тоа што Путин постојано пие чај од тој термос“, одговори тогаш Песков.
Патем, рускиот претседател е голем љубител на алтајската природа.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.