Руски баханалии:Поради облог со хеликоптер подигнаа „Мерцедес Геландеваген“ и го фрлија од 300 метри

Московјаните, наводно, не можеле да изведат ништо слично во својот град, па затоа допатуваа во Петрозаводск само за да го скршат автомобилот.

Сообраќајната полиција во Петрозаводск (Карелија) го истражува случајот со фрлениот „Мерцедес“. Видео од настанот објавија сите руски медиуми:

„Мерцедес Бенц-Геландеваген“ беше фрлен во близина на аеродромот „Пески“ кај Петрозаводск. Според податоците од социјалните мрежи, хеликоптерот го изнајмиле двајца московјани, а еден од нив го уништил сопствениот автомобил поради изгубен облог. Московјаните, кои се претставија како блогери, за кршење на возилото платиле 250000 рубли (околу 3600 евра).

Русите дошле на аеродромот, изнајмиле хеликоптер и на висина од 300 метри наредиле да се откачи сајлата. Мажите се обложиле уште во Москва каде, наводно, не можеле да изведат такво нешто, па допатувале во Петрозаводск само за да го скршат автомобилот.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња