Путин се пошегува: „Не заборавајте дека спаѓам во повластената категорија граѓани“

Bai Xueqi/XinHua/Global Look Press
На годишната прес-конференција на рускиот претседател, една новинарка забележа дека Путин одамна не бил на Камчатка и го праша дали тоа има врска со цените на билетите.

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека причината за тоа што не доаѓа на Камчатка не лежи во високата цена на авионските билети, додавајќи дека тој сè сепак ѝ припаѓа на повластената категорија граѓани.

На годишната прес-конференција на рускиот претседател, една новинарка зборуваше за тоа дека жителите на Камчатка мораат да купат авионски билет за да стигнат до „цивилизација“. Тоа, рече таа, не може секој да си го дозволи. Додуша, постои програма со пониски цени во „Аерофлот“, претседателска програма за субвенции за млади, пензионери и семејства со повеќе деца, но овие билети се распродаваат брзо. Таа додаде дека „Аерофлот“ соопштил дека не ја исклучува можноста за затворање на програмата со пониски цени. Новинарката забележа дека Путин одамна не доаѓал на Камчатка и го праша дали тоа има врска со цените на билетите.

„Тоа нема никаква врска со скапите авиобилети до Камчатка, затоа што и јас спаѓам во повластената категорија население. Не го заборавајте тоа“, одговори Путин.

„Работата е во тоа што досега просто не се укажала прилика“, додаде тој, истакнувајќи дека на Камчатка има многу нерешени прашања. „Тоа не значи дека Камчатка е надвор од нашиот видокруг, мојот и на владата. Ние секогаш се занимаваме со Камчатка“, рече рускиот претседател.

Путин додаде дека тоа е важен регион за Русија од економски, социјален и воен аспект.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња