Тинејџер во Русија ноќе се одвезол со училишен автобус

Николај Титов/Global Look Press
Тинејџер од селото Чарков во Хакасија, кој не можел да спие ноќе, тргнал во прошетка и се одвезол со училишниот автобус, соопшти регионалната полиција.

Според нејзините податоци, полициската станица на Уст-Абаканскиот реона примила пријава дека од гаража во селото е украден училишниот автобус. Истрагата утврдила дека со автобусот управувало 16-годишно момче од тоа село.

„На сослушувањето сторителот призна дека не може да спие ноќе, излегол надвор и решил да се прошета. Поминувајќи покрај гаражите,  пришол до една од нив. Со малку напор успеал да ја отвори вратата на гаражата во која го пронашол училишниот автобус. Кога влегол во него, забележал дека клучот е оставен во бравата“, се наведува во соопштението.

Според податоците на прес-службата, момчето отишло со автобусот до Таштипскиот реон и го оставил таму, затоа што веќе немал бензин. Поведена е кривична постапка според член 166 од Кривичниот законик на РФ „Неовластено користење на автомобил или друго сообраќајно средство без намера за кражба“. Максималната казна за ова дело е до пет години затвор.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња