Најсексапилната руска лизгачка Лиза Туктамишева: Нови жешки фотографии по повод нејзиниот роденден

Naoki Nishimura/AFLO/Global Look Press
Елисавета Туктамишева е девојка која се стекна со слава кога го освои златниот медал на Гран-прито во уметничко лизгање во Канада, а во ревијалниот настап изведе „стриптиз на мраз“ во костум на заводлива стјуардеса. Денес оваа убавица полни 23 години!

Порталот „Спорт-экспресс“ по тој повод објавува големо интервју со спортистката без ниту збор за уметничкото лизгање. 

Дознаваме, на пример, каква е според нејзиното мислење современата девојка?

- Ми се чини дека е најважно да си останеш доследна на себе и да го правиш она што го сакаш. Биди упорна и женствена. Секој има свој карактер и тешко е да се зборува конкретно, но мислам дека во целина модерните девојки се посилни отколку што беа.

Три совети за една девојка во пресрет на нејзиниот прв состанок?

- Добро расположение, бистра глава и среденост. Особено последното. Шминката и облеката не се толку важни. Но, важно е на мажот да му биде пријатно до вас и да те гледа.

Како Лиза си го поправа расположението?

-  Сакам да лежам во када со маска на лицето. Такви женски мали радости. Да слушам пријатна музика или да гледам добар филм, да се смеам со сестра ми. Обично тоа ми помага да го завршам денот во добро расположение.

Најдобар начин Лиза да се расони?

- Двојно еспресо и животот е убав! А ако додадете и парче чоколадо – подготвена сум за борба!

Што сака повеќе за подарок, цвеќе или нешто материјално?

- Секогаш гласам за материјален подарок, затоа што цвеќето брзо овенува, а подарокот останува.

Подобро место за состанок: воздушен балон или кафуле?

- Второто. Мојот живот и онака е активен, затоа сакам да се опуштам. Но, годишниот одмор мора да биде полн со возбудувања.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња