„Ви благодарам за молитвите“: Како се подготвува Фјодор Емелјаненко за последната борба

Токио, Јапонија, 9 октомври 2019.

Токио, Јапонија, 9 октомври 2019.

KEIZO MORI/AFLO/Global Look Press
Рускиот ММА-борец Фјодор Емелјаненко се обрати до навивачите пред борбата против Американецот Квинтон Џексон што ќе се одржи во Јапонија.

Видеоснимката од обраќањето на Фјодор до навивачите е објавена на „Јутјуб“, на каналот на Сергеј Лодига. Блогерот се сретна са 43-годишниот спортист во Стар Оскол, каде Емелјаненко се подготвува за мечот. Фјодор рече дека тренинзите во фаза на подготовки се многу интензивни и им се заблагодари на навивачите. „Драги пријатели, многу ви благодарам! Ви благодарам за поддршката, за вашите најдобри желби, за вашата љубов, за вашите молитви!“

Мечот против Џексон ќе се одржи на 29 декември во Јапонија под покровителство на американската организација Bellator со поддршка на јапонскиот промотор Rizin.

Фјодор Емелјаненко последен пат влезе во октагонот на 26 јануари 2019 година. Тогаш го загуби мечот од Американецот Рајан Бејдер во финалето на Гран-прито Bellator во тешка категорија. На патот до финалниот меч рускиот борец ги победи Чел Сонен и Френк Мир, поранешни истакнати борци на UFC.

Емелјаненко се прослави и во Јапонија, каде беше многу успешен во шампионатите и гран-при натпреварувањата на локалната организација Pride. Тој ги победи познатите борци како Мирко Филиповиќ, Кевин Рандлeман, Антонио Ногеира и Марк Колман. Кога Pride згасна, Фјодор потпиша договор со американската организација Affliction.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња