Жителите на истокот на Русија ја коментираат „поправката” на електричен столб со изолир-лента (ФОТО)

Global Look Press
Оштетениот електричен столб во градот Зеја во Амурската област во Русија е „поправен“ со изолациска лента. Фотографија од необичната „поправка“ е објавена на „Инстаграм“, а електроенергетската мрежа одговори дека столбот ќе биде заменет уште утре.

Пукнатините на бетонскиот столб се завиткани со црна изолациска лента и залепени со фластер.

Корисниците на интернетот zvestnik и skaner28 се пошегуваа во коментарите дека столбот сега е „како нов” и советуваат на оштетувањата да се стави тегавец и да се примени антисептик.

Оваа конструкција се наоѓа во близина на едно од училиштата во градот. На снимката реагираше „Амурската електрична мрежа”.

„Планирано е денеска да биде заменет оштетениот столб. Претпоставуваме дека столбот бил оштетен од возило кое побегнало од местото на настанот. Вчера беше утврден дефектот, а работите ќе бидат извршени утре“, соопшти оваа организација.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња