Жител на Нижни Новгород, кој две години ги малтретирал соседите гласно пуштајќи им снимка од коњско 'ржење и тупот, е притворен на два месеци, соопшти регионалната полиција за РИА „Новости“.
Телевизијата „Сети НН“ прикажа репортажа за тоа како во Нижни Новгород жителите на повеќекатна куќа на улицата „Березовскаја“ биле принудени со денови да слушаат заглушувачки звуци на коњско 'ржење кои од звучници ги пуштал еден од нивните соседи. Како што им кажа на новинарите овој љубител на коњи, на тој начин тој им осветувал на соседите од катот за тоа што наутро прават бучава одејќи. Притоа звучните напади ѝ пречат на целата зграда.
Соседите повеќе пати ѝ се пожалиле на полицијата. За нарушување на јавниот ред и мир судот пропиша казна од 5 илјади рубли, но човекот не сакаше да ја плати, соопшти регионалната полиција.
„По зачестените пријави против нижегородецот кој ги мачи жителите на неговата зграда со коњско 'ржење е поведена кривична постапка според член 117 од Кривичниот законик (тортура). 46-годишниот обвинет е притворен на два месеци. Истрагата е во тек“, соопшти прес-службата.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче