Екипажот на хидрографскиот брод на Црноморската флота „Донузлав“ откри четири претходно непознати острови во Црвеното Море. Ова се наведува на сајтот на Јужниот воен округ на Русија.
Покрај откривањето на новите географски објекти, хидрографите проучија три корални острови, се наведува во соопштението.
Претходни истражувања на овие области беа вршени во 1911 година. Новите испитувања ќе овозможат да се пополнат празнините во познавањето на одредени делови од морската територија.
Резултатите беа доставени до централната картографска управа на воената морнарица на Русија заради корекција на навигациските карти.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче