Поранешната шефица на австриската дипломатија за танцот со Владимир Путин

Reuters
Таа ги истакна добрите манири на рускиот лидер, како и фактот дека пред танцот тој ѝ се поклони на дамата.

Поранешната австриска министерка за надворешни работи Карин Кнајсл на средба со студенти на Московскиот државен институт за проучување на меѓународните односи на МНР на Русија (МГИМО) зборуваше за танцот со рускиот претседател Владимир Путин на својата свадба, пренесуваат руските медиуми.

„Секогаш е пријатно да си имате работа со џентлмен од стар ков. Се разбира, тој момент и тој танц во јавноста е различно перципиран, тоа ми е јасно. Сепак, би сакала да ве посоветувам да не бидете преокупирани само со информации, факти и книги. Не заборавајте дека во животот постојат и други работи“, рече Кнајсл.

Во август минатата година поранешната австриска министерка за надворешни работи се омажи за претприемачот Волфганг Мајлингер, а меѓу гостите на свадбата беше и рускиот претседател. Путин танцуваше со невестата и се потпиша на бел кабриолет кој подоцна беше продаден на аукција, а собраните средства уплатени во добротворни цели.  

Кнајсл исто така истакна дека повеќето свадби на кои била поканета биле здодевни, а нејзината во никој случај не била таква.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња