Драматично: Руски параглајдерист преживеа пад со замрсена птица во падобранот (ВИДЕО)

Скриншот

На глобалниот интернет канал Јутјуб се појави снимка од настан што се случи на небото над еден планински предел (непозната локација). Од неа може да се чуе дека параглајдеристот кој управува со падобранот, се служи со руски јазик.

Во еден момент, на висина од преку илјада метри, додека параглајдеристот ужива во прекрасниот поглед на планинските масиви и непрегледната шума што се протега под неговите нозе, се слуша силен удар. Имено, во јажињата со кое параглајдеристот е поврзан со падобранот за едрење се вплетка птица (веројатно орел од семејството мршојадци).

Во тој момент падобранот се замрси и човекот почна неконтролирано да паѓа. При приземјувањето очигледно имаше среќа, бидејќи го спаси разгранетата крошна на едно дрво која го ублажи неговиот пад. Откако добро се наби, параглајдеристот ја ослободи птицата и преку радио ја извести својата група да дојде по него. По неколку часа тој изведе нов лет, како ништо да не се случило.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња