Повеќе од педесет слаби бели мечки опколија село на рускиот полуостров Чукотка (ВИДЕО)

Global Look Press
Премногу топлото време на полуостровот Чукотка во Русија доведе до тоа 56 бели мечки да не можат да ја напуштат околината на селото Риркајпиј.

Како што забележа раководителот на програмата „Мечкина патрола“ во селото Татјана Миненко, скоро сите мечки се слаби, „меѓу нив има и стари и млади sверки, како и мечки со мечиња на различна возраст“, ​​пренесува РИА „Новости“.

Во селото патролираат инспектори кои дежураат околу градинката и училиштето, за да спречат мечките да не се сретнат со луѓето. Сите јавни манифестации се откажани, а во решавање на ситуацијата се вклучени администрацијата и волонтери.

Како што се наведува во соопштението, времето на подрачјето на `ртот Кожевников е исклучително топло за почетокот на декември. Бидејќи мразот сè уште не е доволно цврст, мечките не можат да ја напуштат околината на селото, движејќи се него.

Ако мразот беше доволно цврст, ако не и сите, барем дел од мечките, ќе отидеше на море да ловат фоки и морски зајаци. Засега, тие бараат храна покрај брегот. Мечките исто така сакаат да влегуваат во селата, ги гледаат луѓето како живеат и бараат храна. Затоа проблемот со одложување на отпадот, особено на храната, е акутен. Таквите ситуации стануваат правило. Така што на тоа треба да се прилагодиме, за да не страдаат ниту луѓето ниту мечките, објасни координаторот на проектот на Светскиот фонд за природата во Русија Михаил Стишов.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња