Креативно, нема што: Во една руска градинка елката виси од плафонот

Идејата да се прицврсти новогодишната елка на таванот во градинката бр. 241 во Омск ја дале родители, објасни градскиот секретаријат за образование.

На тој начин официјално беше коментирана фотографијата што се појави на социјалната мрежа „ВКонтакте“.

„Родителите на децата сами решија да украсат една од просториите на ваков необичен начин. Тие ја реализираа идејата, која не претставуваше никаква опасност“, им соопштија на новинарите од секретаријатот.

Официјалните лица изјавија дека сите простории во градинката се украсуваат одделно од главната елка која, според нормите за противпожарна безбедност, се наоѓа во музичката сала. Тука ќе се одржуваат и празничните манифестации и ќе се делат подароците.

„Секој што има креативни идеи за новогодишно украсување, може да ги реализира во рамките на градската смотра и натпреварувањето за Најдобар дворна елка“, додадоа од секретаријатот на Омск.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња