Сексолог предупредува: Кај младите во Русија се појавува нова сексуална ориентација - асексуалност

Константин Кокошкин/Global Look Press
„Една од двете формирани крајности е голема група млади луѓе кои одлучуваат да се откажат од сексуалното искуство. Таквиот човек всушност и останува невин. Мотото на асексуалците е нема секс, нема проблем“. Стручњакот, меѓутоа, истакнува дека бегството од секс се поддржува и со вештачки методи: „Западот врши пропаганда на хибридни начини на замена на сексуалните односи токму за да ги деградира репродуктивните стратегии“.

Околу четириесет отсто од тинејџерите во Русија за сексуалните односи дознаваат од врсниците, триесет отсто од медиумите, додека процентот на оние кои добиваат таков вид на информации од родителите изнесува тринаесет, а од наставниците десет отсто, рече заменик-претседателот на Серуската асоцијација на сексолози ориентирани на социјални прашања Ина Сорока.

Според неа, една од двете формирани крајности е голема група на млади на возраст меѓу 18 и 30 години кои свесно одлучиле да се откажат од сексот. Се чини дека е недоволно познато дека во Русија пред неколку години се појави нова сексуална ориентација - асексуалност, вели таа.

Најчесто тинејџерите на возраст меѓу 14 и 15 години, кога сè уште не биле интимни со никого, одлучуваат да се откажат од сексуалното искуство. Таквиот човек всушност и останува невин. Геслото на асексуалците е нема секс, нема проблем.

Од друга страна, голем број тинејџери почнуваат со сексуална активност многу рано, кога организмот сè уште не е формиран и е психолошки неподготвен за интимни односи, рече Сорока.

„Во Русија денес со сексуална активност се започнува на возраст меѓу 14 и 15 години. Има случаи кога децата стапуваат во интимни односи на возраст меѓу 11 и 12 години. Во провинцијата тоа се случува почесто отколку во големите градови. Во селата речиси во секое училиште три до четири девојчиња забременуваат пред деветто одделение“, истакнува Ина Сорока.

Докторот по биолошки науки, шеф на лабораторијата за развој на нервниот систем при Институтот за морфологија на Руската академија на науки Сергеј Савељев иако, како што вели, иако не знае од каде се земени споменатите податоци, теоретски, судејќи според социјалниот пресек и она што систематски се наметнува преку медиумите, претпоставува дека наведените податоци се точни.

Како што истакнува тој, постојат бројни фактори кои придонесуваат за развој на појавата на асексуалци.

„Нема средства за живот, нема средства за издржување на деца. Насекаде сексуално вознемирување, момчињата кои ќе се изнагледаат ТВ-програми се едноставно уплашени така што штом ќе ѝ пријдат на девојка, готово е, тоа е крај“.

Савељев истакнува дека бегството од секс се поддржува и со вештачки методи.

„Денес постои мноштво хибридни начини за замена на сексуалните односи. На видеоснимките се имитираат врски. Интернетот е преполн со порнографија. На специјализирани сајтови се споделуваат секакви груби техники“.

Тој смета дека се работи за свесна пропаганда.

„Западот врши таква пропаганда токму за да ги деградира репродуктивните стратегии. Од каде ви е идејата дека треба да постои толку голем број на луѓе? Цело време гледаме како делуваат системи насочени во спротивна насока“.

Савељев потсети на Камените плочи вo Џорџија, на кои е испишано дека бројот на луѓе во светот не треба да надминува половина милијарда (во моментов сме над 7,6 милијарди, 15 пати повеќе). Односно, не станува збор за слобода, туку за регулирање на однесувањето на луѓето, меѓу другото и на најважниот сегмент, младите луѓе, посочува Савељев.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња