Авионот на претседателот на Русија Владимир Путин слета по густата магла во главниот град на Киргистан Бишкек, пренесуваат медиумите.
Поради лошите временски услови (магла и голема влажност на воздухот), претседателскиот авион сакаа да го упатат на слетување во Алма Ата, соопшти аеродромот во Бишкек. Но, капетанот на авионот на Путин „рече „слетувам“ и маестрално го спушти авионот по многу густата магла, речиси на допир“.
Оваа информација ја потврди портпаролот на рускиот лидер Дмитриј Песков. „Така е. Но, беа испочитувани сите параметри за претседателскиот авион“, додаде тој.
Владимир Путин пристигна во Бишкек на 28 ноември за да учествува на заседанието на шефовите на земјите на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ). На агендата на состанокот е прашањето за зајакнато обезбедување на таџикистанско-авганистанската граница, соработката со ООН за реализација на глобалната антитерористичка стратегија и координацијата на надворешнополитичките активности на земјите-членки на ОДКБ.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче