9. мај 1984 на Црвениот плоштад, Москва
Владимир Вјаткин / МАММ / МДФДоколку Советскиот сојуз би постоел денес, тоа би било суперсила што со ништо не заостанува зад Соединетите Американски Држави, заклучи кинеското издание „Феникс“ (Fenghuang wang).
Според мислењето на авторот на оваа сттија, дури и без посебен развој на науката и технологијата, СССР и денес би била втората најсилна држава на светот.
Анализирајќи ја состојбата на државата во моментот на распадот, изданието укажува на тоа дека СССР беше втората најсилна економија во светот. Производството на воена техника имаше голем удел во индустријата и, благодарение на воената сила, СССР дури и денес би можел да врши притисок врз САД, пишуваат Кинезите.
Авторот на кинеското издание смета дека денешна Русија е далеку зад Советскиот Сојуз во многу работи. Но, без оглед на тоа, Русија е втора воена сила во светот и успешно ја спроведува својата политика во различни делови на светот. Но, доколку СССР сè уште би постоел, САД би воделе поскромна надворешна политика и не би смееле да ја провоцираат Русија како што прават сега, пишува кинеското издание „Феникс“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче