Мексиканскиот јувелир и мецена Едуардо Круз, кој купува и им ги враќа на роднините на ветераните на Втората светска војна признанијата со кои се одликувани нивните татковци и дедовци, даде интервју за телевизијата „Ѕвезда“.
„Веќе петнаесет години спасувам ордени и медали на хероите од Втората светска војна. Признанијата на советските војници претставуваат жива историја која сведочи за неверојатната храброст на нивните сопственици во борбата против фашизмот“, рече Круз.
Како што објасни Круз, меѓу вратените признанија се наоѓа, на пример, и украдениот Орден на Татковинската војна на ранетиот учесник во одбраната на Ленинград Александар Смирнов. И покрај тоа што бил ранет во главата, војникот успеал да преживее и да се врати дома.
Едуардо Круз неодамна му предаде уште 40 ордени, медали и други признанија на Рускиот државен хуманистички универзитет. Признанијата вклучени во збирката ќе бидат изложени во Салата на славата.
Министерството за одбрана на Русија во знак на благодарност го награди Круз со медал на Сеќавањето на Хероите на Татковината.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче