Воени инструктори и староверци во подножјето на Западен Сајан ги обучуваат единиците за специјални намени на Централниот воен округ на руската армија како да преживеат во зимски услови во високи планини, соопшти Службата за односи со јавноста на Централниот воен округ.
Припадниците на единицата за специјални намени стационирана во реонот на Новосибирската област имаат обука во Центарот за воено-спортска обука „Ергаки“, во подножјето на Западен Сајан во Краснојарскиот регион. Во практичниот дел војниците се обучуваат обучени како да преживеат во посебни климатски услови без кибрит, секира и шатор.
За време на обуката спецназовците ќе градат зимски засолништа од прирачни средства, ќе палат оган, ќе ги научат правилата на камуфлажа во тајга.
Припадниците на руската војска ќе овладеат и транспорт на оружје, муниција и товар со големи димензии, движење на група по снежни падини и карпи. Исто така, на агендата ќе бидат и прашањата за безбедност при искачување, давање прва помош, евакуација на ранети од планинско подрачје итн. Обуката ќе ја поминат повеќе од педесет припадници на воените единици за специјални намени од Новосибирск.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче