Советска подморница - Илустрација
Global Look PressСоветската подморница Б-427, која со години беше стационирана на плажа на западниот брег на САД како туристички објект на градот Лонг Бич, ја купи анонимен купувач, јавува „Ѕвезда“. До средината на мај следната година подморницата треба да биде одвлечена од тоа место.
Произведена во 1971 година, подморницата Б-427 се наоѓаше на плажата во Лонг Бич, веднаш до трансатлантскиот линиски брод „Квин Мери“, денес во функција на хотел и ресторан. Седумнаесет години служеше како туристички објект, за да во 2016 година, како 'рѓосана и покриена со кал подморница во чија внатрешност се населиле ракуни, биде затворена.
Подморницата Б-427, Лонг Бич
ВикипедијаКомпанијата што ја купи Б-427 тогаш го тужеше поранешниот сопственик за лошата состојба на пловилото. Беа потребни десет милиони долари за да се поправи. На крај тужбата беше отфрлена, а Б-427 продадена, само што освен што не се споменати името на новиот сопственик и цената по која е купена, пишува „Лос Анџелес Тајмс“.
Подморницата ќе биде одвлечена кон средината на мај. На нејзиното место ќе биде отворен клуб за посетителите и гостите на „Квин Мери“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.