Во руската полиција на Чукотка се појавуваат одреди на возачи на кучешки санки

Norbert Eisele-Hein/imageBROKER.com/Global Look Press
Кучињата се посигурни од кое било современо возило и моторните санки, така што искусните возачи на кучешки санки, претставници на домородните народи на северот ќе ѝ помагаат на руската полиција на Чукотка.

Одреди на возачи на кучешки санки ќе ѝ помагаат на полицијата на Чукотка, соопштува регионалното одделение на Управата на Министерството за внатрешни работи на Русија.

Исто така, се вели дека во минатиот век некои милиционери во таа област се движеле токму со кучешки санки, како што е можеби најпознатиот Алимбек Добриев, кој работеше во милицијата цели 40 години.

Сега полицијата располага со современи возила и моторни санки, но со оглед на тешките климатски услови на Чукотка, дури ни моторната техника не можат да ги совлада сите пречки. Затоа претседателот на Советот на старешини на Друштвото на староседелци на Чукотка Александар Омрипкир предложи да се создаде одред на возачи на кучешки санки кој ќе ѝ помага на полицијата. Тоа ќе бидат вистински соработници на МВР со соодветни легитимации, се вели во соопштението.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња