Ветеран од Втората светска војна на 97 години стана Инстаграм-блогерка

Бабата прво се појавуваше само на профилот на внукот, а откако стекна своја публика, си отвори свој профил. Сега на гости ѝ доаѓаат луѓе од сите краишта на светот.

Алевтина Груздкова од Екатеринбург води профил на „Инстаграм“ на 98-годишна возраст. И можеби ништо од тоа немаше да се случи доколку не беше ограбена во јуни оваа година од измамници кои ѝ се претставиле како работници на службата за гасификација, раскажува нејзиниот внук. За да ја расположи баба си после тој несреќен инцидент и да ѝ помогне да биде во постојан контакт со семејството, тој ѝ купил мал таблет.

„Гласавме на мојата страница, треба ли баба да има свој профил“, вели внукот Константин. „И луѓето беа одлучни - треба!“

Ветеранот од Втората светска војна често рецитира стихови, покажува фотографии или објавува кратки коментари. Внукот на блогерката вели дека сака да се допишува со луѓе и често ѝ доаѓаат гости од странство.

„Непознати луѓе бараат да ѝ дојдат на гости. Доаѓаа од Австралија, Нов Зеланд, Холандија, Кипар, Америка, луѓе од сите краишта на светот. Тоа се претежно фотографи. Беше исто така и сопругата на познат американски режисер кој го снимаше филмот со Вил Смит „Љубовен терапевт“. Баба зачувала многу медали и секогаш им се радува на гостите“, вели Константин.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња