Претседателот на Русија Владимир Путин на советувањето со членовите на Владата на РФ праша кој веќе примил вакцина против грип.
„Кој од членовите на владата веќе се вакцинираше“, праша Путин и почна да ги брои рацете. „Еден, два, три… Само тројца. Јас четврти. И јас се вакцинирав“.
Претседателот тогаш потенцираше дека од овој момент секој што ќе се разболи од грип самиот ќе ја сноси одговорноста за тоа.
„Гриппом заболéл – самострéл“, се пошегува Путин, нарекувајќи ги заболените од грип дезертери кои пукаат самите во себе (самострел) за да го ескивираат фронтот.
Членовите на министерскиот кабинетот многу ги насмеа оваа игра на зборови на Путин, а момент потоа сите се онерасположија.
„Поинаку и не може да биде. Можевте да го спречите грипот, а не го спречивте. Ве советувам уште еднаш да размислите за тоа“, им даде до знаење Путин дека местото на настинатиот лесно може да го заземе здрав човек.
«Заболел гриппом? Самострел».Путин вынес вердикт членам правительства, которые не стали прививаться. Сделали прививку лишь три министра и сам Путин pic.twitter.com/G01Kx3iPT0
— Кремлевский пул РИА (@Kremlinpool_RIA) November 11, 2019
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче