Почина најстариот жител на Русија и последната личност на планетата родена во 19 век

Дмитриј Рогулин/TASS
Танзиља Бисембеева е родена во 1896 година и живееше, така да се каже, од Распутин до Путин, а до стотата година не одеше дури ни на лекар.

Најстариот жител на Русија Танзиља Бисембеева од Краснојарскиот реон на Астрахањската област почина на возраст од 124 години (полни 123 години), пренесуваат руските медиуми.

Бисембеева беше признаена за најстарата личност на светот. Таа почина мирно, на погребот присуствуваа сите жители на нејзиното село, велат од администрацијата на Краснојарскиот реон.

Танзиља Бисембеева е родена на 14.03.1896 година и целиот живот го поминала во селото Исламгази. Нејзиниот прв сопруг загинал на фронтот во Втората светска војна, а нивното заедничко дете починало рано. Кога завршила војната, Танзиља имала 49 години, немала ни семејство, ни деца. Сепак, наскоро ја запросил еден постар Казах. Таа се согласила, а потоа добила и деца. Родила три сина кога имала 53, 54 и 57 години. Сите тројца ги родила дома, а нејзините најблиски велат дека до стотата година не одела на лекар.

Според Гинисовата книга на рекорди, сега најстар човек на планетата е 116-годишната Јапонка Кане Танака, родена на 2 јануари 1903 година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња