Ирскиот мајстор на мешани боречки вештини Конор Мекгрегор изјави во емисијата Все на Матч дека планира да купи недвижнина во Русија, пренесе официјалниот сајт на ТВ-станицата „Матч ТВ“.
„Се за вљубив во Москва, во себе пронајдов голема љубов спрема Русија и луѓето што живеат овде“, рече спортистот одговарајќи на прашањето дали му се допаднала руската престолнина.
„Толку многу го засакав ова место што дури сакав да купам недвижнина. Еден ден ќе настапам во Москва за сите мои фанови, ќе се борам пред нив. Во моментов бирам имот, сакам да си купам нешто овде“.
Водителот се обиде подетално да дознае од Мекгрегор каков вид на недвижен имот има намера да купи, стан, куќа надвор од градот, куќа во Москва, облакодер.
„Сакам да купам база, земја, куќа, нешто големо“, рече борецот. Потоа додаде дека земјата му е потребна за да организира своја школа за борби.
Ирски борец изјави на прес-конференција вчера дека се враќа во ММА. Тој, како што најави, на 18 јануари следната година ќе се бори во Т-Мобиле арената во Лас Вегас, а не го откри името на противникот. Последен пат во октагонот тој беше во октомври минатата година, кога во борба за шампионскиот појас на UFC во лесна категорија загуби од „дагестанскиот орел“ Хабиб Нурмагомедов.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче