Визит-картата потекнува уште од времето кога Путин беше претседател на Комитетот за надворешни работи на Санкт Петербург. Продавачот напишал дека визит-картата му останала од татка си. Се наоѓала во семејната архива повеќе од 20 години. Според сопственикот, зачувана е во добра состојба.
На сајтот може да се најдат и други визит-карти на рускиот претседател, но по пониска цена - да речеме, за 950000 рубли (13400 евра). Покрај тоа, некои луѓе продаваат и претседателски автограми. Нивната цена е 50 илјади рубли (700 евра) и повеќе.
Претходно во Петербург се појави оглас за продажба на топка со потписот на славниот голман Лав Јашин за 10 милиони рубли (околу 140 илјади евра).
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче