Речиси секој петти жител на Русија (17%) ја поминува настинката без лекови, користејќи само чај од малина и пилешка супа, додека 13% од испитаниците користат антибиотици, покажуваат резултатите од анкетата на порталот „Здоровье Mail.ru” што ја објави агенцијата ТАСС.
„Испитаниците одговараа на прашањето како се лекуваат при настинка. Антибиотици земаат 13%. 11% претпочитаат домашни антивирусни препарати. Имуномодулатори пијат 8%. 17% од испитаниците ја поминуваат настинката без лекови, ним им се доволни чај од малина, мед и пилешка супа“, се наведува во соопштението.
Исто така се додава дека граѓаните на Русија сѐ повеќе доверба имаат во ефикасноста на вакцинацијата против грип. Анкетата покажа дека 66% од испитаниците веруваат во вакцини, додека во 2018 година овој показател беше 37%. Притоа 36% испитаници од оние кои ја поддржуваат вакцинацијата се вакцинираат секоја година, а уште 31% само ако се во можност, на пример, ако им ја понудат вакцината на работа.
„Испитаниците најчесто се вакцинираат во државните здравствени центри (53%). На мобилните пунктови или во приватните клиники се вакцинираат 18% од нив, а во павилјоните „Здрава Москва“ и слични центри само 2%”, покажува истражувањето.
Вакцинацијата е најефикасното средство за заштита од грип. Секоја година, за време на сезонските епидемии на грип, 5 до 10% од светската популација се разболува, што е околу една милијарда луѓе. Според податоците на Светската здравствена организација, секоја година од грип до умираат 650000 луѓе. Кампањата за вакцинирање против грип започна во Русија на 4 септември. Министерството за здравство на Русија планира оваа сезона да вакцинира против грип најмалку 45% од населението на Русија. Меѓу другото, вакцината би требало да ја примат најмалку 17 милиони деца.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче