Руски спортист на кајт го помина патот од Сахалин до Јапонија и постави светски рекорд

Роман Денисов/Global Look Press
За да го премине теснецот Ла Перуза на Евгениј Новожаев му беа потребни 2 часа и 56 минути.

Четирикратниот шампион на Русија во кајтинг Евгениј Новожаев стана првиот спортист кој на кајт го преминал теснецот Ла Перуза од Сахалин до Јапонија, притоа поставувајќи светски рекорд. Ова во четвртокот, 17 октомври, го објави овој светски патник на својата страница на „Фејсбук“, пренесува ТАСС.

„Ми дадоа јапонско знаме да го ставам на чамецот. Мора да се помине границата со знамето на земјата во која доаѓате. И еве, стигнавме“, напиша на својата страница Новожаев.

Преминувањето на теснецот на кајт траеше 2 часа и 56 минути.

Новожаев тргна од `ртот Криљон (најјужната точка на островот Сахалин) и, поминувајќи 53 километри, го заврши возењето кај јапонскиот брег во близина на пристаништето Ваканај на островот Хокаидо.

„На `ртот Соја (најсеверната точка на јапонскиот остров Хокаидо) рибарите ми забранија да се истоварам, бидејќи таму има многу мрежи. Морав да одам уште 10 километри, инаку патувањето ќе траеше помалку од 2 часа и 56 минути“, истакна Новожаев на својата снимка објавена на „Фејсбук“.

Рускиот спортист првпат допатува во Јапонија. Во 2011 година Новожаев на ист начин го премина Беринговиот теснец.

Погледнете го и ова: ВИДЕО: Екстремeн тренинг на Хабиб Нурмагомедов во ледена река

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња