Во текот на последните четири дена од овој мост, кој се наоѓа 207 метри од земјата, скокаа 50 бејсџампери од цела Русија, како и гости од Франција, Индија, Бразил, САД, Велика Британија и Турција.
Во четирите дена на фестивалот „BASE days 2019” екстремните спортисти од разни земји изведоа околу 800 скокови. Последниот ден од фестивалот учесниците изведоа и заеднички скок.
„Оваа година од најдолгиот висечки пешачки мост во Русија истовремено скокнаа 27 лица“, соопштија од „Скајпаркот“ во Сочи за телевизискиот канал „Лајф”.
Претходниот рекорд исто така беше поставен од клуб од Сочи. Минатата година скокнаа 26 лица, а една година порано 25 бејсџампери.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче