Шишето било шутирано на плажата од страна на десетгодишниот брат на една од девојките кои се одморале таму, објави телевизиската компанија Globo. Нејзиното друштво се заинтересирало за пораката, но никој не умеел да го прочита текстот. На крај девојката на „Фејсбук“ објавила фотографија од пораката во една група на Универзитетот Пелотас.
Carta com texto em russo é encontrada dentro de garrafa em Santa Vitória do Palmar https://t.co/7QCbxuwW30pic.twitter.com/5g7m2Vfz5j
— G1RS (@g1rs) September 26, 2019
Постот собра околу две илјади коментари, а една девојка, која знае руски, се обиде да го преведе писмото.
„Упатено до оние кои не беа мрзливи да го извлечат ова шише. Него, и покрај сите наредби и одлуки на МРХ и владата, го испија вистински морнари кои ги почитуваат и ги паметат обичаите на поморците“, гласи приближниот превод на пораката.
Се претпоставува дека авторите на писмото под МРХ подразбирале Министерство за риболов на СССР. Кога пишуваат за наредби и одлуки, тие веројатно мислат на антиалкохолната кампања што започна веднаш откако Михаил Горбачов дојде на власт во 1985 година.
Парчето хартија е доставено за анализа во лабораторијата за конзервација и реставрација на артефакти на Универзитетот Пелотас. Резултатите сè уште не се објавени. Засега експертите претпоставуваат дека морнарите го фрлиле шишето во вода од советскиот рибарски брод покрај брегот на Гренланд околу 1990 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче