Русин покажа како без пари да постигнете изглед на светска ѕвезда (ФОТО)

Московскиот комичар Јуриј Истерика (Хистерија) ја има моќта да продре во сржта на светот на шоу-бизнисот. Додека ѕвездите трошат баснословно богатство на шминка и облека, овој Русин зема сѐ што ќе му се најде при рака. И резултатот не се разликува многу. Додуша, Јуриј е барем смешен.

„Решив да ја поддржам Ирина Шејк [по разделбата со Бредли Купер] и го направив овој антистрес фустан на Лејди Гага”.

„Ајде девојки, дојдете по кокосот! [Како што прави Аријана Гранде] И ќелавите луѓе можат да си дозволат ваков изглед“.

„Премиерата на филмот Rocket Man ме инспирираше да го направам овој Елтон со очи полни со кромид. Што има околу вратот? Кора од банана? Знаев!“

Јури Хистерија пет дена не фрлаше пластична амбалажа за подобро да ја долови Тејлор Свифт. Се прашувате што има на ноктите и усните? Црвена изолир-лента.

АнџелинаЏоли? Да бидеме искрени, вака навистина изгледа една обична разведена мајка на шест деца.

„Јас сум официјалната копија на Мадона во Русија“, тврди Јуриј.

Бијонсе го позајми својот глас на Нали, животната придружничка на Симба (Кралот Лав). А еве  ја и кралицата на лавовите во Русија.

Лево е Карди Би, американска хип-хоп пејачка, а десно е Јуриј кој гушнал сѐ што му подариле последниве години.    

Руската ѕвезда на „Инстаграм“ Олга Бузова и Јуриј. Погодете кој е кој!

Бонус фотографија:

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња