Сепак, мачето преживеа и има големи шанси да заздрави, иако 'рбетот му е повреден. Ова за РИА „Новости” го изјави активистот на пермската иницијативна група „Заштита на животните“ Сергеј Шахторин, кој успешно го оперираше животното.
Според Шахторин, минатата недела тој видел на социјалните мрежи информација дека жителка на градот Березники во Пермскиот крај пронашла неподвижно маче на улица. Таа сакала да го успие, но овој активист ја замолил да не го стори тоа и, ако може, да го донесе во Перм.
„Ми го донесоа во петокот и истиот ден го оперирав, затоа што видов дека шепите му реагираат. Постоеше шанса и затоа извршив итна операција со која ги извадив куршумите од 'рбетот“, рече Шахторин. Тој додаде дека на мачето му го дал името Патрон. Според неговата проценка, мачето е старо околу пет месеци.
Како што објасни ветеринарот, во телото на мачето биле пронајдени 9 метални дијаболи од пневматско оружје. „Веројатно се работи за пиштол, бидејќи е малку веројатно некој да полни пушка повеќе пати“, претпоставува Шахторин. Врз основа на состојбата на раните, тој заклучил дека мачето било повредено пред 2-3 недели.
Според податоците на овој љубител и заштитник на животните, седум лица веќе изразиле желба да го примат мачето во својот дом.
„На пример, ми се обрати еден човек од Самара, тој е воено лице. Но, засега не може да стане збор за барање дом, бидејќи мачето првин мора да застане на нозе. Ако тоа му појде од рака, тогаш, секако дека на Патрон ќе му го пронајдеме најдобриот дом. Ќе го избереме најдоброто место затоа што тој е толку напатен и не сакаме да го сместиме каде било“, вели Шахторин.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче