Руските градители на патишта истуриле асфалт дебел половина метар со стрмен раб, објавија руските медиуми.
Причината за ваквата грижливост на работниците е нејасна. Веројатно авторите на видеото снимиле пат што не е завршен. Исто така, некои претпоставуваат дека работниците одлучиле на делницата од 10 километри да го потрошат целиот асфалт што требало да биде распореден на значително поголема површина.
Освен тоа, не знае точно каде се наоѓа овој пат.
Корисниците на социјалните мрежи му го дадоа на иновативниот потфат името „Цар-асфалт”, по аналогија со познатите руски Цар-топ и Цар-ѕвоно.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче