Мајката се обрати до лекарите на клиниките на Сибирскиот државен универзитет и соопшти дека сака уште едно дете. Бременоста ја следеа доцентите на Катедрата за акушерство и гинекологија, доктори на медицина Жана Гајфулина и Татјана Скороходова.
„Пациентката е во одлична форма благодарение на танцот со кој редовно се занимава и фактот што се грижи за своето здравје. Поради тоа основните показатели на здравствената состојба беа доволни за одлуката да остане во блажена состојба“, истакна Скороходова.
Лекарите постојано ја контролираа бременоста. Среќната мајка се породи во Томскиот обласен перинатален центар „И. Д. Евтушенко“.
И мајката и новородената ќерка се чувствуваат добро.
„Лекарите вложија огромен труд во подготовките за мојата бременост и нејзиното следење и покажаа врвен професионализам. Почнав да се подготвувам уште во Светленската реонска болница, на чиј персонал сум благодарна. А тимот лекари од клиниките на Сибирскиот државен универзитет ми помогна да се подготвам за бременост и ме следеше сѐ до породувањето. Благодарение на тоа, на полни 54 години повторно станав мајка. За мене тоа е голема среќа“, се наведуваат нејзините зборови во соопштението на универзитетот.
Родилката им советува на сите жени кои сакаат дете да не се сомневаат во својата возраст и да не се плашат, туку да се обидат.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче