Руски камионџија тргна по вотка па потопи во река и кипер и кран (ВИДЕО)

МВР на Русија, Ханти-Мансијски автономен округ

Директорот на една компанија кај Нефтејуганск (Ханти-Мансијски автономен округ) забележа исчезнување на камион-кипер и кран и кражбата ја пријави во полиција. Возачот одговорен за техниката не одговарал на телефонските повици.

Кога полицијата го најде осомничениот, се покажа дека претходната ноќта тој се упатил со киперот по вотка и на враќање во пијана состојба слетал во реката. Како да немало доволно проблеми за една ноќ, па човекот се вратил на градилиштето по кранот, со надеж дека ќе го извлече камионот и дека ништо нема да се дознае за неговите ноќни авантури. На крај и киперот и кранот завршиле во реката, а ноќното излегување може да го чини камионџијата пет години затвор. 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња