Пратениците на руската Дума предложија достава на лекови во оддалечените села со дронови

Legion Media

Беспилотните летала би можеле да се користат за испорака на лекови во оддалечените и недостапни подрачја, со што ќе се реши проблемот со обезбедување медицински препарати за тамошното население. Овој предлог пред министерката за здравство Вероника Скварцова го изнесе заменик-претседателот на Одборот за образование и наука на руската Дума Борис Чернишов од Либерално-демократската партија.

„Со цел подобрување на социјалната клима и зголемување на квалитетот на животот на луѓето во тешко достапните и оддалечени краишта, предлагаме донесување на комплексна програма „Мобилни лекови“ која би подразбирала достава на медицински средства со помош на дронови“, наведуваат предлагачите.

Чернишов предложи пилот-програми за ваква испорака во неколку руски региони. Во склоп на реализацијата на програмата, според овој пратеник, би можеле да се привлечат регионалните фармацевтски мрежи и медицинските установи.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња