Сликата е симболична.
Global Look PressЕден турист во Санкт Петербург загина за време на маршот во поларната област во Ловозерските тундри, објавија руските медиуми.
66-годишниот петербуржанец заминал во Мурманската област уште кон средината на летото. На 27 јули, откако го остави својот автомобил на паркинг и се упатил кон Сејдозјор на Полуостровот Кола, престанал да јавува.
На 2 септември телото на туристот е пронајдено на 3,5 километри од местото каде што го оставил својот автомобил. Покрај него, цело време било и неговото куче, чувајќи го телото на својот господар. Покрај тоа, недалеку од телото, иследниците пронајдоа шатор, намирници и опрема. Патникот не ги ни користел.
Како што истакнува истражниот комитет, точната причина и времето на смртта ќе бидат познати по судско-медицинската експертиза. Не се пронајдени очигледни знаци на насилна смрт.
Во август 2018 година спасувачите од Карачаево-Черкесија спуштија од Елбрус тело на алпинистка за која се претпоставува дека загинала пред 31 година, искачувајќи се на највисокиот врв во Европа. Утврдено е дека станува збор за Елена Константиновна Базикина, родена 1951 година, од Ленинградската област.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче