Путин го честеше Ердоган сладолед на аерокосмичкиот саем МАКС (ВИДЕО)

Максим Шипенков/Pool via REUTERS
Претседателот на Русија Владимир Путин го честеше претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган со руски сладолед.

Лидерите по обиколката на експозицијата пријдоа до штандот со познатите руски сладоледи што им се допаднаа на многумина светски политичари. За Путин веќе стана вообичаено да купува сладолед на МАКС. Овој пат реши да го чести и својот турски колега.

Доаѓајќи до штандот, рускиот претседател праша што има во понудата.

„Има многу. Во чаша и во корнет, од чоколадо, слатка павлака, ф'стаци“, набројуваше продавачката. „Има и Вологодски од ванила“.

Додека преведувачот брзаше да му ги преведе на Ердоган набројаните сладоледи, Путин се наведна над штандот и разгледа.

„Дајте Вологодски“, рече тој и му го подаде сладоледот на својот турски колега. „А мене овој овде“, и  посочи кон кутијата со сладолед „Кравичка од Кореновка“. „Од чоколадо или слатка павлака?“, праша продавачката. „Дајте го и едното и другото“, се насмеа Путин.

Девојката брзо пресмета и ја кажа цената: 210 рубли. Путин извади пари. Имаше банкноти од пет илјади, од илјада рубли и од двесте рубли со приказот на Крим. Тој подаде „петилјадарка “ и рече: „Кусурот дајте му го на министерот“, кимнувајќи со глава кон министерот за индустрија и трговија Денис Мантуров. „Тоа му е за развој на авијацијата“.

„Ви благодарам за дарежливоста “, се насмеа министерот.

Ердоган веднаш го отвори својот сладолед за да го проба. Путин исто така.

„Знаете што, дајте ни уште. Сите нека земат“, рече Путин и се сврте кон штандот.

Членовите двете делегации побрзаа да си одберат сладолед.

Малку подоцна, кога Путин и Ердоган веќе се движеа кон куќичката каде што беше планиран состанок во четири очи, до штандот за сладолед дојде и министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу. Неколку минути подоцна му се придружи и шефот на корпорацијата „Роскосмос“ Дмитриј Рогозин.

„Има ли уште сладолед?“, праша тој. „Остана уште“, рече девојката.

„Тогаш дајте ми го овој шарениот“, одбра Рогозин и обраќајќи им се на новинарите рече: „Успеа операцијата [за спојување на бродот „Сојуз“ со МВС]“.

Задоволно насменувајќи се, Рогозин зеде три чаши и отиде кон својот павилјон.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња