Како што се наведува „од птичја перспектива митрополитот Барнаулски и Алтајски Сергеј ја благослови нашата земја со Чесниот и Животворен крстот и ги попрска со светата водичка алтајските шуми. Во текот на летот се читани молитви, акатисти и канони“.
Дмитриј Никитин од информативното одделение на Барнаулската епархија им рече на новинарите дека таквиот повик до свештениците во време на големи природни непогоди е очекуван и дека тие за време на летот со хеликоптер откриле еден пожар кој веднаш го пријавиле до надлежните од Министерството за вонредни состојби.
Според руските медиуми, случајно или не, само на подрачјето на Алтајскиот крај на 14 август се забележани 72 пожари, додека во моментов има шест пожари. Како што се наведува, во наредните денови времето ќе осуети нови пожари, до четврток ќе врне дожд, а потоа се очекува олујно невреме со налети на ветар од 15 до 17 метри во секунда.
Во Русија горат околу три милиони хектари шума, а според официјалните бројки, деведесет отсто од пожарите отпаѓаат на тешко достапни подрачја на тајгата. Поради катастрофалните пожари, воведена е вонредна состојба во Иркутск, Јакутија, Краснојарскиот крај и три региони во Бурјатија. Од почетокот на годинава во Алтајскиот крај имаше 322 пожари, а огнот зафати површина од околу 717 хектари, што е двојно повеќе од минатата година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче