На интернет се појави видео на кое е забележан моментот на спасување на тригодишното момче Коља кое се изгуби во тајгата и во мочуришните шуми во Омската област во Сибир помина повеќе од два дена. Пребарувањето траеше деноноќно, а спасувачите по неколку пати ги пребаруваа местата на кои веруваа дека се наоѓа момчето. Дури третиот ден волонтерите успеаја да го пронајдат Коља. Снимката со првите секунди од спасувањето ја објави групата ЧП Омск на социјалната мрежа „Вконтакте“.
Според пишувањето на локалните медиуми, момчето го пронашле од две девојки, професионални спасувачи од Москва, придружувани од четворица припадници на ОМОН (специјалната полиција). Пронајден е заглавен во калта, каде му останале чевлите, а го изгубил и качкетот. Го затекнале како лежи и се обидува да пие каллива вода. Штом припадниците на ОМОН го зеле в рацете, тој во истиот момент заспал.
Коља исчезнал уште на 13 август. Тој ден неговите родители отишле в шумаа за да го берат плодови, а момчето го оставиле во автомобилот. Меѓутоа, кога се вратиле, не го нашле таму. Надлежните по тој поод покрена кривична постапка.
Коља беше прегледан од лекарите веднаш штом пристигнаа во болница, но за среќа не открија никакви знаци на исцрпеност и дехидратација. Иако комарците го искасале и е ужасно исплашен, нема опасност по неговиот живот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче